Екипата на Арсенал втор пат по ред киксираше во Премиер лигата откако во денешниот натпревар против Брентфорд не стигна до триумф и ремизираше со 1:1.
„Топчиите“ пред своите гледачи беа големи фаворити и се очекуваше да се вратат на побендичките патеки по минатонеделниот пораз од Евертон, но тоа не се случи затоа што на патот им застана Брентфорд кој знае да игра со фаворити.
Арсенал прв дојде до водство со голот на Леандро Тросар во 66.минута, што за него беше и гол првенец во новиот клуб. Резултатот го израмни Иван Тони кој ја погоди мрежата на Рамздејл во 64. минута.
На останатите терени, Лестер го растури тимот на Тотенхем со што составот предводен од Антонио Конте доби уште еден тежок удар во битката за пласман на местата кои водат во Лигата на шампионите следната сезона.
Саутемптон пред своите гледачи загуби од Вулверхемптон со 2:1, па тренерското столче на Нејтан Џонс сериозно почна да се тресе.
Фулам со 2:0 славеше против Нотингем Форест, додека Кристап Палас и Брајтон ги поделија бодовите играјќи 1:1.