Како ќе изгледаа ако Бугати, Порше и Ролс –Ројс произведуваа камиони? (ФОТО)

Ако некогаш сте се запрашале како би изгледал камион произведен од некоја егзотична марка, го имаме одговорот.

Идејата за „премиум“ камион секако им поминала низ умовите на многу ентузијасти, а само неколку биле подготвени да смислат такво нешто. Иако само на хартија, поточно, на компјутерски екран. И тоа е сосема доволно за да се замисли камион кој би го носи дизајнерскиот потпис на ексклузивен производител.

Без сомнение, најбрзо може да го препознаеме Bugatti, па дури и благодарение на некои други производи како Tesla Semi да се замисли на пат. Возачите на камиони сигурно претпочитаат да видат камион Ролс-Ројс, како поради врвниот луксуз и удобност, така и поради моќните перформанси благодарение на огромната хромирана хауба.

Сепак, камионите од Ферари и Мекларен изгледаат многу поинтересно. За BMW не се ни осмелуваме да коментираме. Како и да е, одлична идеја и многу солидна реализација.