СКОКНАЛ ВО ЗАМРЗНАТИОТ ДУНАВ И СПАСИЛ ПОЛУМРТВА ЖЕНА: Драма во Линц, храбар минувач спасил жена од смрт

Граѓанката на Босна и Херцеговина (61) вчера била спасена од Дунав со храбрата реакција на Австријците откако веќе изгубила свест поради хипотермија.

Имено, Австриецот Кристијан Брауер (47) вчера бил на работна задача во близина на Линц кога еден од минувачите му го привлекол вниманието дека во водата недалеку од него има жена.

Брауер ни секунда не се двоумел, се соблекол и скокнал во студениот Дунав и со помош на случајни минувачи успеал да ја извлече жената на брегот.

Самото спасување не поминало без проблеми бидејќи силна струја ги носела повеќе од 50 метри. Но, на крајот жената била безбедно извлечена до брегот на Дунав.

Брауер вели дека ниту една секунда не размислувал дали да скокне во водата.

– Дури кога пристигна брзата помош и почнаа да ја реанимираат, а таа почна да реагира, сфатив дека всушност сум спасил живот – вели Кристијан Брауер, додавајќи дека жената пловела во Дунав.

На местото на настанот пристигнала брза помош која започнала со реанимација, со оглед на тоа што жената на почетокот не реагирала. Патем, хипотермијата веќе започна, имајќи предвид дека температурата на Дунав беше само 2,9 степени Целзиусови . Веднаш била префрлена во клиниката „Сестрите на милосрдието“, каде што продолжило лекувањето.