ВУЧИЌ ВО КУЈНА СО ТАВА ВО РАКА, ПРАВИ ПАЛАЧИНКИ: „Тоа нема да придонесе за мојата кондиција и изглед, но среќен сум, сигурно“ (ВИДЕО)
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави видео на својот Инстаграм профил во пресрет на утрешниот саем на вино.
Во видеото Вучиќ е во кујната подготвува палачинки, а во таа прилика истакна дека е среќен и покрај тоа што оваа подготовка нема да „придонесе за неговата физичка кондиција“.
– Ова е мој обид да се подготвам за пречек на голем број гости од странство за утрешниот саем на вино. Оваа подготовка нема да придонесе за мојата физичка кондиција и изглед, но среќен сум, сигурно – стои во објавата на Вучиќ на Инстаграм.
– Ми се допаѓа со џем, луѓето сакаат со еурокрем, но ако има сливи, шипинки, тоа е најдобро. Овој ќе биде докторат. Ова до сега е најдобра. Повторно, не ја добив формата како што треба, но не е важно. Сите ми се смеат. На Данило и на Милица им правев палачинки, а тие сакаа да ги прават што е можно подебели, колку помалку успевав, тие сакаа се повеќе – се насмеа Вучиќ додека правеше палачинки.
Претседателот Вучиќ им порача на готвачите утре да им направат поубави палачинки на гостите, а потоа на шега праша дали научиле од неговите грешки.