Вучиќ, по средбата со Столтенберг: Имаме различни ставови за тоа што се случи во Бањска и Звечани

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

А по средбата, како што пренесуваат српските медиуми, пренесува Телеграфи, Вучиќ рекол дека тој и Столтенберг разговарале повеќе од час и половина и дека соработката со НАТО и КФОР е важна.

Тој додаде дека знае оти Западот го интересира само случајот во Бањска, а претходно во Звечан, поточно тепачката што изби меѓу Србите и припадниците на КФОР.

„Морам да кажам дека имаме поинаков став за она што се случи (на Косово), но ги разбираме барањата на НАТО и на Западот“, рече тој.

Дури, како што тврди српскиот претседател, „српската војска професионално си ја завршила работата“.

Додека Јенс Столтенберг изјавил дека тој и Вучиќ разговарале за тензиите на Косово и важноста на КФОР.

„Ќе продолжиме да ја одржуваме безбедноста на Косово… НАТО е подготвен да го одржи мирот. Ја поздравувам блиската координација меѓу српската армија и КФОР. Сметам на сите страни да ги намалат тензиите“, го цитираат српските медиуми Столтенберг.

Инаку, денеска Столтенберг ќе разговара и со српската премиерка Ана Брнабиќ.

Тој од Приштина пристигна во Белград и во Босна и Херцеговина ја започна турнејата низ Западен Балкан.