Вучиќ презема драстични чекори: Србија бара итна седница на Советот за безбедност – ова се барањата

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во своето обраќање од Претседателството истакна дека следната недела ќе побара итна средба со шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, а потоа и итна седница на Советот за безбедност на ОН, поради ситуацијата на Косово и Метохија која, според него, секој ден е сè полоша за српскиот народ.

– Во тек е генерален напад врз Србите. Сакам да им повторам на членките на ЕУ и САД, рековме дека ќе исполниме сè, ве чекаме да ја формирате ЗСО, да видиме ослободување на сите уапсени. Режимот во Приштина најде доволно причини да го уапси секој Србин. Тоа е најдиректен и најбрутален повик за етничко чистење. Јасно ни е дека работите излегоа од контрола, Србија е турната на ѕид. Следната недела ќе побарам итен разговор со шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, веднаш потоа Република Србија првпат ќе побара итна седница на Советот за безбедност на ОН – рече стпскиот претседател.

Тој потоа наведе кои би биле барањата:

– Прво, да се спречи функционирањето на структурите на институциите кои ја загрозуваат безбедноста на Србите, да се изврши демилитаризација на сите албански структури, во согласност со резолуцијата 1244. Ќе го разгледаме и барањето на Српската листа и народот на Косово и Метохија, а се однесува на барањето полицијата и другите полициски структури во Приштина да ја прогласат за терористичка организација. За ова во следните 14 дена ќе ги информираме сите наши партнери во меѓународната заедница, како на исток така и на запад. Јас како претседател лично ќе присуствувам на седницата на Советот за безбедност, доколку дојде до тоа а се надевам дека ќе биде – вели претседателот.