По трагедијата при посетата на „Титаник“: Компанијата „Оушн гејт“ ги прекина сите истражувачки и комерцијални операции

– Компанијата „Оушн гејт“ денес на својата веб-страница објави дека ги суспендира сите истражувачки и комерцијални операции.

Оваа одлука следуваше откако подморницата „Титан“ на споменатата компанија трагично имплодираше за време на мисијата за посета на остатоците од потонатиот брод „Титаник“ на дното на Атлантскиот Океан.

Во катастрофата животот го загубија тројца патници, управувачот со подморницата и директорот на компанијата „Оушн гејт“.

Истрагата утврди дека подморницата имплодирала и потонала, и дека починале сите пет лица што се наоѓале во неа.