Бројот на загинати од израелските напади врз Појасот Газа надмина 8.000
Удај Абу Мохсен е една од последните жртви на израелското бомбардирање на Појасот Газа.
Палестинскиот фоторепортер Белал Калед на социјалните мрежи сподели фотографија од мало тело завиткано во ткаенина.
Во него се вели: „Удај Абу Мохсен, стар еден ден. Нему не му е издаден извод, туку умреница“.
Бројот на загинати од израелските напади врз Појасот Газа надмина 8.000 од почетокот на судирите на 7 октомври, соопшти Министерството за здравство, со кое раководи палестинската милитантна група Хамас.
Како што се наведува, досега починале 8.005 лица, меѓу кои 3.342 деца.
Израел почна со воздушни напади врз Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври, а потоа влезе во енклавата со копнени сили.
Во нападот на Хамас врз Израел беа убиени 1.400 Израелци, а повеќе од 200 заложници беа однесени во Газа. Се верува дека Хамас ги држи во мрежа од подземни тунели, а досега само четири жени се ослободени.