ФОТО | МАСОВНИ АПСЕЊА ВО ЊУЈОРК – Приведени 300 еврејски демонстранти кои бараа прекин на огнот во Појасот Газа

Околу 300 луѓе беа уапсени откако голема група еврејски демонстранти се собраа на железничката станица „Grand Central“ во Њујорк, барајќи прекин на огнот во Појасот Газа, соопшти полицијата.

Портпаролот на полицијата во Њујорк изјави за CNN дека апсењата биле извршени по различни обвиненија, вклучително и намерно неуредно однесување и незаконско собирање.

Њујоршката полиција соопшти дека не е познат точниот број на обвинетите.

Како што претходно објави AP News, стотици демонстранти, претежно Евреи, се собрале во петокот во областа на познатата железничка станица во Њујорк, барајќи прекин на огнот, во време кога Израел ги интензивира своите напади врз Појасот Газа.

Да потсетиме дека за време на крвавите судири меѓу Израел и милитантната група Хамас во Појасот Газа, загинаа најмалку 1.405 Израелци и 7.703 Палестинци, меѓу кои 3.500 деца, 1.726 жени и 397 постари лица. Во заложниците на Хамас моментално има 229 цивили, додека 1.600 луѓе се водат како исчезнати, вклучувајќи 940 деца.

Даниел Хагари, портпаролот на израелската Армија, изјави дека копнените сили синоќа ги прошириле операциите во Појасот Газа, што медиумите и бројни официјални лица го протолкуваа како започнување на долгонајавуваната копнена инвазија. Потпаролот порача дека Армијата ќе продолжи да го напаѓа Хамас и неговите подземни тунели и ги повика жителите веднаш да се преселат на југ.