Меџити: 8 пратеници веќе го напуштаат парламентарното мнозинство, има најава за повеќе заминувања

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, е скептичен околу обезбедувањето на потребните гласови за гласање за реконструкција на Владата.

Меџити рече дека додека Владата обезбедува 8 пратеници од АА, повеќе од 8 пратеници излегуваат од парламентарното мнозинство.

„Со изјавата на премиерот дека имаат 64 пратеници, кога го вели тоа, мислам дека е да се одржи смиреноста во структурата, во мнозинството, сигурно ова зборува дека немаат ни 64, а всушност, за жал, што кажав и во минатото се потврдува што е политичка акробација која нема врска со обединување за Европа, ниту зголемување на мнозинството, или стабилизирање на мнозинството, затоа што гледаме дека можат да влезат 8, но 8 се на заминување а има уште повеќе во најава“, рече Маџити за ТВ21.