Социјалната мрежа Х ќе собира биометриски податоци, ниво на образование и работно искуство

 – Социјалната мрежа Х, чиј сопственик е Илон Маск, порано позната како Твитер, го прошири опсегот на податоци што ги собира од своите корисници вклучувајќи ги биометриските податоци, нивото на образование и работното искуство.

„Информациите што ги собираме можеме да ги користиме за обучување на нашите модели за машинско учење или вештачка интелигенција за целите наведени со оваа политика“, соопшти неодамна социјалната мрежа X.

Меѓутоа, не е сосема јасно кои се тие цели, освен автентикацијата и функционирањето на услугите, а на дефиницијата на X за биометриските податоци недостасуваат подробности.

Х има намера да евидентира и податоци за нивото на образование на своите корисници и нивното работно искуство. Според Х, тие податоци ќе се користат за предложување работни места.

Промените ќе започнат кон крајот на септември.

Маск во четвртокот објави порака на X која се чини дека има за цел да ги смири корисниците загрижени за својата приватност.

„Само јавните податоци, не приватните пораки или нешто лично“, напиша Маск.