Вјоса Османи тврди дека најдобро би било Косово со САД да го изработат нацрт статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, синоќа изјави дека најдобро би било Косово заедно со САД да го изготват нацрт статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство (ЗСО), дека за тоа инсистирала во разговорите со премиерот Албин Курти и дека премиерот тоа не го поддржал.

„Ова го кажав многу пред да го кажам јавно на секоја средба што ја имавме со другите институции, затоа што таква иницијатива мораше да дојде од тие што го водат дијалогот. Инсистирав да седнеме и да направиме нацрт во согласност со Уставот, бидејќи не е на претседателот да го подготвува нацртот“, рече Османи.

Ја прашале зошто не се обидела да го убеди премиерот за тоа.

„Можеби на премиерот аргументите не му беа убедливи, што уште сакате да ви кажам“, одговори таа.

За односот со премиерот Курти, рече дека го смета за коректен, а според неа, нивната заедничка цел е Косово.

„Ние имаме конректен однос, го почитуваме ставот и на едениот и на другиот, имаме дебати, но стигнуваме до патот, нашите цели се заеднички, никогаш не се разликуваме во нашите цели, двајцата сме тие што ја заслуживме довербата на граѓаните, должни сме им на граѓаните да работиме заедно“, рече Османи.

Таа за РТВ 21 изјави дека постои загриженост во однос на надлежностите на ЗСО, кои се утврдени во нацрт-статутот.