– Турскиот фудбалски клуб Галатасарај објави дека потпишал тригодишен договор со аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди.
„Постигнат е договор со Мауро Емануел Икарди Риверо за трансфер во нашиот клуб“, објави актуелниот шампион на Туркије.
Минатата сезона Икарди играше за Галатасарај како зајмен играч од Париз Сен Жермен.
Турскиот фудбалски клуб објави дека 30-годишниот Икарди по сезона ќе заработува 6 милиони евра, а на неговиот поранешен клуб ПСЖ ќе му бидат исплатени 10 милиони евра.
Аргентинскиот напаѓач минатата сезона во дресот на Галатасарај постигна 22 гола на 24 натпревари во турската Суперлига.
Икарди во својата кариера настапувал за Сампдорија, Интер и Париз Сен Жермен. Во дресот на аргентинската репрезентација има осум настапи, со постигнат еден погодок.