Галтие по елиминацијата од Баерн: ПСЖ не постигна гол кога доби шанса

– Тренерот на Пари Сен-Жермен, Кристоф Галтие се осврна на синоќешниот пораз од Баерн (0:2) во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Парижаните втора година по ред не успеваат да ја поминат оваа фаза во елитното фудбалско натпреварување.

– Не можевме да го отвориме резултатот кога добивме шанса. Одигравме добро во првото полувреме, чувствувавме дека можеме да постигнеме гол, но не ги искористивме нашите шанси за гол. На ова ниво, не можете да пропуштите такви шанси. Да, Баерн притискаше, но понекогаш треба само да ја шутнете топката подалеку за да се справите со притисокот. Не треба да се срамите од тоа. После еден час игра тие поведоа и стана многу тешко да се надомести нивната предност, изјави Галтие.

Тимот од Минхен го доби првиот натпревар со резултат 1:0 и со вкупни 3:0 се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите.