Гвардиола блесна пред медиумите: „Ги обожавам моите играчи – тие се супермени“

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека навивачите на „Граѓаните“ мора да се гордеат со фудбалерите на актуелниот шампион во Премиер лигата, пренесува Sky Sports.

Фудбалерите на Манчестер Сити синоќа со 1:0 го победија тимот на Бурнмаут во 26. коло од Премиер лигата.

Гвардиола ги пофали фудбалерите на Манчестер Сити кои пред пет дена го совладаа Брентфорд (1:0) во последниот натпревар од 18. коло на англискиот шампионат.

– Ги обожавам моите играчи – тие се „супернени“. Тие се одлични. Веќе долги години играме натпревари на секои три дена, додека нашите ривали имаат една недела да се подготват за натпреварите. Секогаш имаме помалку време да се подготвиме за натпреварите – изјави Гвардиола.

Манчестер Сити е на второто место на табелата во Премиер лигата со 59 бодови, додека Ливерпул е прв со 60.

– Бараме премногу од нашите играчи, но тие одговараат на сите наши барања. Знам дека луѓето велат „заработуваат многу пари“, но тоа што се прави со распоредот е премногу. Мора да продолжиме понатаму. Нашите фудбалери имаат неверојатен карактер, конкурентни се. Дури и кога се уморни – вложуваат дополнителен напор. Нашите навивачи мора да се гордеат со овие играчи – изјави Гвардиола.

Фудбалерите на Манчестер Сити во следното коло од Премиер лигата ќе играат против градскиот ривал Манчестер Јунајтед.