МАНЧЕСТЕР СИТИ: ГВАРДИОЛА ИТНО ОПЕРИРАН! Англискиот клуб излезе со соопштение кое ги остави сите во шок

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола беше опериран поради проблеми со грбот.

Англискиот и европски шампион објави дека Гвардиола решил да се оперира поради болки во грбот кои го мачат во последно време. Главниот тренер на „граѓаните“ беше успешно опериран во Барселона, каде ќе продолжи да закрепнува.

Се очекува Гвардиола да се врати на своите обврски во Сити по септемвриската репрезентативна пауза.

На претстојните натпревари на Манчестер сити тимот ќе биде предводен од Хуанма Лиљо, првиот асистент на Гвардиола.