ВИДЕО | “ОДАМ ВО АТЛАНТА ДА БИДАМ УАПСЕН!“ – Откриено колку ќе плати Доналд Трамп за да остане надвор од затвор до почетокот на судењето: “Можете ли да поверувате ?“

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, изјави дека ќе им се предаде на властите во четврток во Џорџија, каде што е обвинет за заговор да го поништи неговиот изборен пораз во 2020 година.

Можете ли да поверувате ? Одам во Атланта во четврток да бидам уапсен!“, напиша Доналд Трамп во објава на неговата социјална мрежа.

Медиумската агенција AP објави дека кауцијата на Доналд Трамп била одредена на 200.000 долари, а договорот за кауција, потпишан од неговите адвокати и обвинителка на округот Фултон, Фани Вилис, ги поставил условите за негово ослободување, вклучително и забрани за заплашување сведоци и попречување на правдата.

Доналд Трамп

На Доналд Трамп му е забрането да зборува на кој било начин, директно или индиректно за фактите на случајот со други обвинети или сведоци, освен преку адвокати.

Ова вклучува, но не е ограничено, објави на социјалните мрежи или споделување на објави на социјалните мрежи на други поединци“, се вели во наредбата потпишана од судија на Врховниот суд на округот Фултон.

Voice of America потсетува дека минатата недела Доналд Трамп, заедно со уште 18 лица, беше обвинет во Џорџија за серија кривични дела, како дел од планот да остане на власт и покрај поразот од Џо Бајден на изборите во 2020 година.

Обвинителката им даде рок на сите обвинети до петок напладне да се предадат во затворот во округот Фултон, каде што е предвидено да бидат изведени пред суд. Таа предложи осомничените да ја признаат вината во првата недела од септември, а судењето да започне во март следната година.

Обвинението поднесено од големата порота во Џорџија е четвртото обвинение против 45-тиот американски претседател и второто што го обвинува за обид за промена на резултатите од изборите во 2020 година.