Герасимовски: Ги превземаме работите во наши раце: Нема да дозволиме жителите на Центар да се гушат во отпад (ВИДЕО)

Општина Центар од денеска започна самата да ги чисти преполните и истурени контејнери откако поради протест на вработените во ЈП Комунална хигиена два дена по ред не се собира ѓубрето во Град Скопје.

-Како што најавивме и во текот на вчерашниот ден, од денска започнуваме, односно ги превземаме работите во наши раце и како општина започнуваме со расчистување на ѓубрето. Како општина нема да дозволиме нашите граѓани поради сето она што се случува во јавното комунално претпијатие нашите граѓани да се гушат во отпад, изјави градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.

-Имаме преполни контејнери и ширење на зарази. Центарци редовно ја плаќаат комуналната такса и сакаат чиста околина. Поради сета настаната ситуација со градот и со комуналното претпријатие ние ќе го исчистиме ѓубрето. Денеска самоиницијативно, сите наши вработени и целата механизација која ја има општината, но и со позајмена механизација излегуваме на терен да ја исчистиме општината, додаде Герасимовски.

-Во текот на вчерашниот ден бевме во контакт повеќето скопски градоначалници и за денеска во 10 часот е закажан итен состанок на градоначалниците од скопскиот регион, а темата е за расформирање на комуналното претпријатие и земање на ингеренциите од јавното претпријатие заедно со механизацијата и слично на општините. Денеска на состанокот ќе разговараме и ќе бараме решенија за проблемот со кој се соочуваме, рече Герасимовски

На прашањето каде ќе се однесе собраниот отпад со оглед на тоа дека синоќа градоначалниците на општините Аеродром и Кисела Вода се соочија со затворени рампи на Дрисла и не им беше дозволено на камионите да влезат, Герасимовски одговори дека за ѓубрето нема друго место освен во Дрисла и дека се надева дека ќе наиде на разбирање од тамошните вработени.

-Недозволиво е во 21 век, во овие топли месеци, да преку штрајк трпат граѓаните. Граѓаните преку комуналната такса си ги плаќаат своите обврски и заслужуваат здрава животна средина и чисти општини. Право на протест и на штрајк има секој, но кога граѓаните се во прашање, мора да има разбирање од страна на сите.