– Германија подготви нов пакет воена помош за Украина во вредност од 400 милиони евра, но сè уште не одлучила за испорака на ракетите со долг дострел Таурус на кои инсистира Киев, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
Тој за весникот „Билд“ рече дека новиот пакет помош вклучува различни видови муниција бидејќи тоа „ѝ е најпотребно на Украина“.
– Владата сè уште не одлучила дали ќе испрати крстосувачки ракети Таурус, додаде Писториус.