Германија им помага на богатите: Помал данок за корпорациите, седум милијарди помалку во буџетот

Владејачката коалиција во Германија по неколкунеделни дискусии донесе одлука за намалување на даноците за корпорациите во износ од седум милијарди евра.

Претходните обиди за донесување вакви мерки, кои беа именувани како Закон за можности за раст, не беа успешни поради противењето на министерката за семејство од редовите на Зелените, Лиза Паус, која бараше дополнителни 12 милијарди евра за нов проект за детски додаток.

Пакетот беше усвоен за периодот од следните четири години.

Според предлог-законот, во првата година тој ќе предизвика пад на даночните приходи од 2,6 милијарди евра за сојузната влада, 2,5 милијарди евра за владите на сојузните држави и 1,9 милијарди евра за општините.