ГЕРМАНСКАТА АРМИЈА ВО ПРОБЛЕМ – Доверливи документи откриваат загрижувачка ситуација – се намалува артилериската муниција !?

Германските вооружени сили имаат само околу 20.000 високоексплозивни артилериски гранати, објави германскиот весник Spiegel.

Германскиот весник ја објави оваа информација повикувајќи се на доверливи документи на Министерството за одбрана на Германија, подготвени да ја убедат комисијата за буџет во врска со потребата од итна набавка, објави медиумската агенција Reuters.

Како што е наведено, германската Aрмија треба да направи околу 230.000 гранати до 2031 година, за да ја исполни програмата на НАТО и да има доволно артилериска муниција да издржи 30 дена интензивни борби.

Министерството за одбрана на Германија има за цел да му претстави на буџетската комисија девет договори за забрзана набавка на артилерија и тенковска муниција во наредните месеци.

Забележано е дека земји како Германија побрзаа да му испратат на Киев големо количество артилериски гранати од 155 мм, кои ги користат хаубици во Украина по руската агресија која започна во февруари 2022 година, со што ги намалија залихите за сопствена одбрана.