ОФИЦИЈАЛНО – Еве кога Доналд Трамп ќе се појави пред судот во Мајами поради наводното несовесно постапување со државни тајни

Почетокот на судењето на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, обвинет за несовесно постапување со државни тајни, е закажано за 14. август во Мајами, Флорида.

Поранешен претседател и претседателски кандидат за изборите во 2024 година, е обвинет дека ја загрозил безбедноста на САД со задржување на доверливи документи по напуштањето на Белата куќа.

Доналд Трамп се изјасни за невин по обвиненијата против него, нарекувајќи го обвинението „грозоморна злоупотреба на моќта“.

Доколку датумот за почеток на судењето не биде пролонгиран, судењето ќе почне околу една недела пред првата дебата на републиканските претседателски кандидати, што е закажана за 23. август во Висконсин