– Европската Унија испраќа оценска мисија во С Македонија за работата на Судскиот совет, по низата скандали и превирања изминатите неколку месеци. Ова го најави евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју за Топ тема на ТВ Телма.
Гир рече дека тоа веќе и е предложено на Владата и се надева дека ќе се реализира најбрзо што може, бидејќи, како што вели, работата на Судскиот совет мора да се поправи.
-Мислам дека турбуленции е вистинскиот збор за тоа. Го следиме тоа одблиску со голема загриженост. Судскиот совет треба да игра многу значајна улога. Тој треба да ја штити и и промовира независноста, професионализмот и интегритетот на судството. Тое е неговата работа. Јасно е дека не го прави тоа. И она што го видовме неодамна е навистина… Неодамнешните слчувања се многу загрижувачки. До толку што поради тоа ние и предложивме на Владата да распоредиме тука оценска мисија на високо ниво за Судскиот совет, за да ги најде начините на кои ние може да одговориме на прашањата за професионализмот, интегритетот и независноста, за тие навистина да можат да ја вршат својата работа во иднина, вели Гир.
Тој појаснува дека тоа е советодавна група, оценска мисија.
– Се надевам дека ќе може тоа да го направиме набрзо, но тоа покажува колку внимание ние посветуваме на владеењето на правото и колку важна ја сметаме улогата на Судскиот совет. Ова треба да се поправи, одговори Гир на прашањето за случувањата во Судскиот совет.