Гир: Загрижува означувањето со европско знаме на закони кои не се дел од усогласување со легислативата на ЕУ
Системот на европско знаменце се користи кога ја усогласувате вашата легислатива со легислативата и стандардите на ЕУ. Не загрижува означувањето на законите поврзани со коридорите 8 и 10д со европско знаменце, со оглед на тоа што тука нема усогласување со стандардите на ЕУ, изјави денеска евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир во одговор на новинарско прашање, по одбележување на почнувањето на проектот „Поддршка за реформите во шумарството во Северна Македонија“.
Според Гир, европското знаменце постои бидејќи на патот кон ЕУ, Северна Македонија, но и другите држави, треба да усвојат повеќе делови од законодавството, за што е потребно многу време во Парламентот.
-Ќе бидат потребни децении доколку се усвојат сите делови од законодавството, ако процесот се одвива во нормални услови. Затоа го имаме европското знаменце. Европското знаменце може да го користите кога ја усогласувате вашата легислатива со легислативата и стандардите на ЕУ. Не загрижува означувањето на законите поврзани со коридорите 8 и 10д со европско знаменце, со оглед на тоа што тука нема усогласување со стандардите на ЕУ, рече Гир.