„ГИ МРАЗАМ ОВИЕ ЛУЃЕ И ОВАА ЗЕМЈА СО ДУШАТА“ : Убавица од Украина предизвика невиден скандал во светот! (ФОТО)

Ритмичката гимнастичарка од Украина , Влада Николченко, со неизбалансирана изјава направи голем скандал во светот на спортот.

Девојката која има бронзен медал од светските и европските првенства во ритмичка гимнастика од 2019 година, изрази голема омраза кон Полска и полскиот народ.

Влада Николченко, родена во Киев, објави порака на социјалната мрежа која само ја подгрева лошата крв меѓу Украинците и Полјаците.

– Расположение утрово. Ја мразам оваа земја (Полска) со сета моја душа, а најмногу луѓето што живеат овде. Тука сум само затоа што го затворија аеродромот во мојата родна Украина – напиша пред неколку дена Влада Николченко чекајќи лет од Варшава за Дубаи.

На крајот морала да се извини велејќи дека имала „нервен слом“.

– Имав психички слом. Со секој конфликт доаѓа стресот што излегува од мене толку агресивно без мое решение. Тоа беше емотивна ситуација за која жалам. Не сакав никого да навредам. Те молам, не го земај ова при срце. Јас не го кажав тоа, туку емоциите во мене. Многу ми е жал – напиша Николченко.

Федерацијата за ритмичка гимнастика на Украина покрена дисциплинска истрага за инцидентот. И официјален Киев испрати официјално извинување до Варшава за постапките на својата гимнастичарка.

Влада Николченко доживеа тешка форма на корона во 2020 година и поради тоа не успеа да избори пласман во украинскиот тим за Олимписките игри во Токио.