Момчето (9) првпат истрчало кај татко си по два месеци откако Хамас ги киднапирал, мајка му и баба му! (Видео)

Деветгодишниот Охад Мундер за прв пат се сретна со својот татко откако вчера беше ослободен од Појасот Газа, по 49 дена.

На видеото објавено од Медицинскиот центар Шнајдер, се гледа како момчето трча низ ходникот во прегратките на својот татко.

Охад беше ослободен вчера заедно со неговата 55-годишна мајка Карен Мундер и неговата баба Рути Мундер (78). Сопругот на Рут, Аврахам Мундер, остана во Газа.

Момчето било забележано како се шета низ детската болница каде тој, уште три деца и четири мајки биле испратени на лекарски преглед.

Охад му мавта на својот татко, пред да побрза низ ходникот да го прегрне. Другите ослободени заложници потоа се гледаат како се обединуваат и ги гушкаат членовите на семејството.

Видеото може да го погледнете ТУКА.