“ТОА Е ПОЛИТИЧКИ НАПАД“ – Сали Бериша доби куќен притвор, обвинет е за тешки обвиненија

Специјалниот суд за корупција и организиран криминал (СПАК) во Албанија донесе одлука со која на поранешниот премиер Сали Бериша му одреди домашен притвор, објавија во саботата албанските медиуми.

СПАК побара куќен притвор за Сали Бериша бидејќи не ја спроведе изречената мерка задолжително присуство и пријавување во судот, а таа одлука ја оцени како политички напад врз него.

Поранешниот премиер на Албанија во октомври беше обвинет за корупција за наводна злоупотреба на положбата за да му помогне на својот зет Јарамбер Малтези да купи земјиште во Тирана во сопственост на граѓани и албанското Министерство за одбрана и да изгради 17 станбени згради во главниот град.

Сали Бериша и Јарамбер Малтези ги отфрлија обвинувањата, тврдејќи дека претставуваат политички потег на владејачката партија на Еди Рама, која има доволно пратеници во парламентот сама да донесе одлука по ова прашање.

Сали Бериша беше премиер на Албанија од 2005 до 2013 година и претседател на таа земја од 1992 до 1997 година, а претходните две години САД и Велика Британија му забранија влез во земјата поради неговата наводна вмешаност во корупција.