ГИ ПРЕНЕСЕ НЕГОВИТЕ ЗБОРОВИ – Фабрицио Романо ја откри судбината на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо конечно проговори за шпекулациите за неговото наводно заминување од тимот на Ал-Насра, каде што пристигна на почетокот на 2023 година.

Легендарниот играч на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус изјави дека нема никаква врска со заминувањето од Саудиска Арабија и дека останува член на тимот од Ријад.

Медиумите постојано го поврзуваа со клубови како Њукасл и Баерн, но Португалецот сето тоа го отфрли.

„Среќен сум овде. Сакам да продолжам и ќе продолжам во Ал-Наср, оптимист сум и самоуверен. Животот во Саудиска Арабија оди многу добро и лигата е добра. Сите големи играчи се добредојдени, големи имиња или млади играчи ако дојдат, лигата ќе се подобри. Следната година сум голем оптимист и убеден дека работите ќе се сменат и дека ќе одиме во вистинската насока“, ги пренесе неговите зборови италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Португалската суперѕвезда досега за својот нов клуб одигра 19 натпревари, на кои постигна 14 гола, а сезоната ја завршија на второто место, иако пред неговото доаѓање беа лидери.

Тој потпиша двегодишен договор со А-Наср вреден вртоглави 200 милиони евра по сезона.