Ги ставал своите деца во када полна со студена вода! Татко брутално ги казнувал машките деца: Ќе седите таму до утро! Ќерката ја плукал и ја бркал од дома

Вознемирен затоа што неговите деца губеле часови и постојано биле под дејство на синтетичката дрога ,,Галакси,” маж од северна Хрватска, татко на девет деца, решил да примени сосема несоодветни методи на казнување.

Поради сето ова, полицијата интервенирала и неверувајќи на сопствените очи, во када полна со ладна вода затекнала две преплашени, ладни и голи момчиња.

Вистинската драма за момчињата започнала околу 19 часот на 12 октомври минатата година во семејната куќа. Таткото ги тепал по телото – едното момче имало модринки на лактот и грбот, а другото на задниот дел од главата и колковите.

Потоа ги натерал и двете да се соблечат и ги терал во бањата за да седат голи во кадата. Во исто време ја вклучил студената вода и одбил да ја вклучи топлината, а потоа широко го отворил прозорецот од бањата.

– Ќе седите во када до утро – одлучно им рекол таткото додека момчињата плачеле и се треселе од студот.

Во еден момент нивната помала сестра се вратила дома, па и таа го доживеала теророт на нејзиниот татко. Тој прво одбил да ја пушти во куќата, а потоа ја удрил со рака по глава и ја плукнал во лице, а на крајот и’ рекол да не се враќа дома бидејќи ќе и’ ја скрати косата, па повикала полиција.

Немилите сцени ги прекинала полицијата која го уапсила мажот, а после обвинителството поднело пријава против него за кршење на правата на децата.

Монструмот за време на судењето се посипал со пепел. Сепак, тој ќе помине само осум месеци во затвор, а судот наложи потоа да биде ослободен – односно на условен отпуст кој ќе трае три години.

Тоа значи дека доколку во тие три години направи уште едно кривично дело, ќе мора да оди во затвор, односно да продолжи со издржување на преостанатата казна, која во тој случај е 16 месеци.

Поради сето ова, судот нареди заштитен надзор кој може да трае до истекот на пробниот период, како и безбедносната мерка задолжително психосоцијално лекување. Но, тој беше ослободен од плаќање судски трошоци и бранител по службена должност.

– Жал ми е за сè и ветувам дека повеќе нема да се однесувам така со децата. Моите синови го консумираа Galaxy пред да се вратам дома. Беа бледи. А децата не одат редовно на училиште и така ми кажа наставничката тој ден. Патем, за тие работи ѝ викав на мојата сопруга затоа што таа не се грижи за децата. Ќерката постојано талка, а сите три деца пушат недозволиви супстанции. Инаку, синовите биле во кадата неколку минути пред да дојде полицијата, а прозорецот од бањата бил отворен порано – објаснил осудениот

При определувањето на висината на казната, судот како олеснителна околност ја зеде неговата претходна неосудуваност, признавање на кривичното дело, изрази жалење и ветување дека повеќе нема да ги прави истите или слични кривични дела.

Додека негова отежителна околност е тоа што покажал многу голема криминална волја и упорност во извршувањето на кривични дела на штета на сопствените малолетни деца.