Глава на убиена девојка е украдена од нејзиниот гроб: Монструм кршеше бетон за да стигне до сандакот, полицијата пронајде морничави траги (ВИДЕО)

Полицијата трага по разбојник на гробови кој ја украл главата на убиената девојка од нејзиниот гроб во Бразил.

Сабрина Таварес де Алмеида (31) беше убиена во август 2022 година, додека нејзиниот гроб беше пронајден осквернавен во март.

Вработен во гробиштата, кои се наоѓаат во државата Рио де Жанеиро, контактирал со полицијата која покренала истрага, а сега се познати нови детали.

– Откривме дека бетонскиот капак е скршен од тап предмет. Капакот на дрвениот ковчег во гробницата потоа бил скршен, а главата била отстранета, изјави експертот за криминал Фабио Барбоса Тешеира за локалните медиуми.

Тешеира верува дека грозоморниот грабеж на гробницата не е поврзан со убиството на Алмеида и дека сторителот практикувал црна магија поради други докази пронајдени на местото на настанот.

– На местото на главата имало земјен сад во кој имало изгорена материја – изјави Тешеира.

Во меѓувреме, полицијата го именуваше главниот осомничен за бруталното убиство на Алмеида.

Минатиот август, Алмеида и нејзината мајка Фатима де Азеведо Таварес беа застрелани од натрапник со качулка додека спиеле во нивниот дом. Алмеида починала на местото на настанот додека нејзината мајка успеала да го преживее нападот.

Полицајците потоа го именуваа поранешниот зет на Алмеида, Матеус да Силва Осорио Фереира, како човекот за кој веруваа дека го извршил злосторството.

Алмеида беше во брак со братот на осомничениот, полицаец кој беше убиен во 2016 година, а по неговата смрт таа стана единствениот наследник на куќата, поради што Фереира збесна. Фереира покрена тужба за да се обиде да ја добие сопственоста на куќата на неговиот брат, но изгуби тешка судска битка.

Обвинителите тврдат дека тој никогаш не ја прифатил одлуката на судот да и’ го додели имотот на Алмеида и дека потоа почнал да и’ се заканува.

Фереира беше уапсен четири месеци по убиството на Алмеида и обвинет за фемицид и обид за фемицид.

Сепак, судијата на 20 јули го ослободи од притвор поради недостиг на докази.

За таткото на Алмеида, сквернавењето на гробот на неговата ќерка било дополнителен удар бидејќи тој сè уште се бори да се помири со нејзиното убиство.

– Ние ја погребавме а психопатот го направи тоа? Тоа е страшна работа. Таа беше убиена и нема мир за неа ниту на гробиштата – изјави Хорхе Луис Гомеш де Алмеида.