Главната уредничка на Руската национална телевизија: Третата светска војна наскоро ќе започне, ама не поради Украина

Главниот уредник на RT, Маргарита Симонјан, предвидува дека на Блискиот исток ќе избие трета светска војна и дека тоа ќе го одвлече вниманието на светот од војната во Украина.

Симонјан ова го изјави за време на директен пренос на руската државна телевизија.

Џулија Дејвис од Дејли Бист објави клип од шоуто на Владимир Соловјов во кое Симонјан дава мрачни предвидувања. Сепак, новинарот нагласи дека во сето ова има добри вести за Русија, која од страна ќе ја набљудува претстојната планетарна војна.

– Маргарита Симонјан предвидува дека третата светска војна наскоро ќе започне на Блискиот Исток и изрази надеж дека тоа ќе го одвлече вниманието на Западот од Русија – напиша Дејвис на социјалната мрежа Х.

Дејвис се осврна и на изјавата на водителот.

– Владимир Соловјов тврди дека „сатанското НАТО“ ја започна војната кога ја нападна Русија – напиша Дејвис.

Симонјан претходно изјави дека Русија никогаш нема да го нападне Киев со нуклеарно оружје поради руските светилишта во тој град.

– Руски светилишта се во Киев, но наши светилишта нема во Вашингтон или Лондон. Не се ни во Берлин – изјави Симонјан.