Главниот обвинител на Бугарија бил цел за убиство, тврди заменик-главниот обвинител Борислав Сарафов
– Главниот обвинител на Бугарија бил цел на убиство, изјави заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов на брифинг во врска со инцидентот со колоната на главниот обвинител Иван Гешев, што се случи рано денеска на патот меѓу градот Самоков и селото Ковачевци.
Сарафов даде детали во близина на местото каде што се случила експлозијата, јави БТА.
Тој нагласи дека не станува збор за заплашување, туку за атентат и нагласи дека нема жртви.