„ГЛАСОТ НА ПАЛЕСТИНА“ Ужасите на војната во Газа насликани на лицето на храбар палестински фотограф: Сè боли

Мотаз Азаиза беше еден од првите луѓе кои пристигнаа во населбата Ал Римал во Газа неколку часа откако израелското бомбардирање предизвика смрт и уништување во тој дел од градот.

За време на неодамнешното затемнување на сите комуникациски мрежи во Газа, милиони луѓе беа загрижени за Мотаз, кој беше наречен гласот на Палестина затоа што не одговараше на Инстаграм повеќе од 24 часа.

На многумина им олеснало кога овој фотограф и новинар пријавил дека е жив и веднаш продолжиле да објавува шокантни фотографии и видеа од Газа.

Пред почетокот на израелскиот напад, Мотаз Азаиза беше само уште еден фотограф на социјалните мрежи со неколку илјади следбеници.

Сакал да фотографира портрети на луѓе на улица, покрај море, насмеани деца и постари лица.

Под видеото што го сними во Египет напиша дека тоа е веројатно најдобриот ден во неговиот живот, а токму ова видео растажи многумина.

„Мотаз, можеше да живееш добар живот без конфликт, но реши да го ризикуваш животот за правдата и мирот на својот народ. Ти си херој“, му рекол еден следбеник.

Мотаз ретко објавуваше негови фотографии, но пред две години се пофали дека дипломирал на Универзитетот Ал Азхар.

За жал, страшните настани во неговата земја ја избришаа насмевката од лицето на овој млад човек. Тој денес е еден од најпопуларните дигитални новинари кој ја прикажува реалноста на теренот, а во една од последните објави откри дека се чувствува многу лошо.

“Имам главоболка, имам грип. Ме боли цело тело. Ситуацијата е страшна”, рекол Мотаз кој неодамна напиша дека секој ден е се посигурен дека нема да го преживее конфликтот.