Моника Белучи беше ѕвезда на француските филмски награди Цезар во Париз.
Италијанката која многумина ја сметаат за најубавата жена на светот, за оваа пригода избрала раскошен црвен фустан со интересни плисирани детали.
Фустанот со ефектни ракави ја истакна завидната фигура на Моника во преден план, а богатите ракави и дадоа посебен карактер на оваа женствена креација.
Заводливата Моника го заокружи овој гламурозен стајлинг по стапките на ,,стариот” Холивуд со ненаметлива шминка и фризура со шишки кои одлично се вклопија во ова издание на познатата актерка која едноставно зрачеше на доделувањето.