ГОЛЕМА АНКЕТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА – “Омилената“ социјална мрежа на Македонците шири најмногу лаги и дезинформации

Социјалната мрежа Х или попозната помеѓу луѓето како Твитер е, според најновото истражување на Европската унија, социјалната мрежа со најмногу дезинформации/лаги во однос на бројот на објави кои се детектирани како невистини.

Дезинформација е изјава која е лажна, но намерно е наменета да му наштети на некого, додека мисинформација е изјава која е лажна, но не намерно дадена од таа причина.

На денешната дебата во ЕУ, која е потребна за DSA (Закон за дигитални услуги), комесарката за транспарентност Вера Журова вели дека слабите перформанси на Твитер биле оценети за време на пилот фазата на тестирање на новата методологија.

Платформата се повлече од кодот за дезинформација на ЕУ уште во мај, набргу откако европратениците предупредија дека промените во политиката направени по преземањето на Илон Маск.

Твитер, исто така, беше критикуван за прекин на слободниот пристап до своите API за истражувачите, поради загриженоста дека овој потег може да ја поткопа контролата за ширење на дезинформации.

Минатата година, комисијата исто така го предупреди Илон Маск дека мора да заврши „голема работа“ доколку платформата сака да избегне прекршување на планираниот закон.