Падна во канџите на секта, го загуби богатството: Исчезна од јавноста, па се појави поубава од било кога 

Актерката Мишел Фајфер постигна филмски хитови во осумдесеттите, но извесен период исчезна од јавниот свет, за да се врати уште поубава и подобра.

Својот талент го покажа во романтични филмови, трилери и хорор филмови, а во период од четири години беше номинирана за филмовите „Dangeorus Liaisons“, „The Fabulous Baker Boys“ и „Love Filed“.

Таа успеа да добие пофалби од сите критичари за ликот на Женa-мачка во „Бетмен се враќа“, што е многу ретко. Токму кога помисливме дека е целосно заборавена, таа неодамна се врати на големото платно благодарение на Дарен Аронофски и филмот „Mајка!“.

Актерката за магазинот „Интервју“ објасни зошто за малку ќе исчезнала од екранот.

„Никогаш не престанав да ја сакам глумата. Јас сум тип на човек кој сака рамнотежа и кога е работата во прашање. Многу внимавав на изборот на улогите, колку време ќе биде потребно за да снимам филм затоа што сакам да се вклопам во мојата приватнoст и деловниот живот. Во меѓувреме станав пребирлива и не знам што да ви кажам – ме нема, така е“, изјави Фајфер.

Актерката не сака интервјуа и секогаш избегнувала да гостува во емисии и да дава изјави, објаснила и зошто.

„Размислував зошто не сакам толку многу интервјуа. Мислам дека тоа е постојан страв дека луѓето ќе сфатат дека сум измамник и дека ќе ме скинат. Дали разбирате што се обидувам да направам Луѓето конечно ќе сфатат дека немам поим дека глумам и дека едноставно имав среќа“.

Фото: Profimedia

Пред да стане Мишел Фајфер која денес ја знае целиот свет, тогаш младата актерка била изманипулирана од мистериозен пар кој водел метафизички и вегетаријански култ. Двојката се обидела да ги спречи луѓето да бидат засенети од светлата на Холивуд – консумирање алкохол, опијати и никотин. Тогашната млада Мишел била толку под влијание на необичниот култ што им ја давала целата месечна заработка.

„Кога ќе се сетам на тој период, се сеќавам колку ми беше испран мозокот и во што паднав од страв да не паднам под влијание на славата“, изјави Фајфер во 1995 година.

Актерката е во брак со телевизискиот ветеран Дејвид Е. Кели, кој ги создаде хит сериите Али Мекбил и Невини лаги. Парот го доби своето прво дете преку посвојување во 1993 година, а една година подоцна Мишел роди син.

“Сега многу сакам да работам, бидејќи можам. Во последните неколку години имав одлични понуди. Се пензионирав поради моите деца. Сакав тие да имаат нормално воспитување со мајка им и татко им. Се разбира, кога пубертетот ги погоди, превртеа со очите кон мене и постојано ме задеваа дека сум преголема ѕвезда, изјави Мишел Фајфер за „Ен-би-си“.