ГОЛЕМА МИСТЕРИЈА – Ужасот не може да биде полош: Откриена последната порака на одбојкарката (18 г.) која си го одзеде животот – тимот во шок (видео)

Младата одбојкарка Јулија Итума го загуби животот во Истанбул кога паднала низ прозорецот на хотелската соба, а нејзината смрт е обвиткана со голема мистерија.

Ден по нејзината смрт на социјалните мрежи се појави грозоморно видео кое ги овековечи последните моменти од животот на младата одбојкарка.

Како што може да се види на видеото, непосредно пред да се случи несреќата, девојката се движела по ходникот пред хотелската соба, а потоа седнала и како да плачела, а на крајот влегла во собата.

Откако го погледнаа видеото, многумина се запрашаа со кого таа разговара на телефон, а сега се откриени нови детали.

Познато е дека во текот на вечерта, по поразот на нејзиниот тим, Јулија Итума на своите пријатели им кажала дека „не се чувствува добро“. Таа била сместена во соба број 607 на шестиот кат со нејзината цимерка, Лусија Варела Гомез, која на полицијата и рекла: „Ние двете разговаравме до еден и пол по полноќ. Потоа заспав. Утрото ми рекоа дека таа падна низ прозорецот“.

Полицијата утврдила дека Итума од 22:49 до 23:30 часот била во ходникот на хотелот и разговарала со некого на телефон, а потоа влегла во собата. Последната порака која Јулија Итума ја испратила била во клупската група на WhatsApp, среде ноќ, пренесуваат италијанските медиуми. Таа потоа напишала само: „Збогум“.