ГОЛЕМА ПРОМЕНА: Една од најубавите спортистки во историјата изгледа непрепознатливо три години по пензионирањето (ФОТО)

Таа ги почести своите 4,5 милиони фанови на Инстаграм со фотографија која стана хит

Марија Шарапова ги напушти тениските терени пред три години и оттогаш стана бизнисменка, мајка и ментор на претприемачите и спортистите. Кога се повлече од тенисот во 2020 година, Форбс забележа дека нејзиниот награден фонд од 38 милиони долари е трет највисок во историјата на ВТА турнејата, а таа заработила дури 300 милиони долари надвор од теренот.

Убавата Русинка во изминатите три години го зголеми своето богатство и го трансформираше својот изглед, па сега изгледа непрепознатливо. Ја промени и бојата на косата, а за многумина и понатаму е една од најубавите жени. Тоа го покажува и нејзиниот Инстаграм каде има 4,5 милиони следбеници.

Нејзината последна објава на Инстаграм привлече внимание. Шарапова се појави во Мајами каде што учествуваше на Accelerate Summit за жени во спорт, забава и бизнис. Таа ги почести своите фанови на Инстаграм со фотографија на која е во специјална облека составена од градник, јакна, здолниште и високи потпетици.

„Кога вашиот фото албум има неколку нови фотографии покрај фотографиите на вашето дете“, напиша Русинката покрај фотографијата на која се гледа голема промена од нејзините играчки денови.

Во август 2015 година, на само 18 години, Шарапова стана светски број 1 во тенис, а тоа го постигна уште четири пати во кариерата. Таа освои пет Грен слем турнири, а во кариерата собра вкупно 36 трофеи.

Во април 2005 година, магазинот People ја прогласи за една од 50-те најубави познати личности во светот, а една година подоцна, магазинот Macim ја прогласи за најубава спортистка на светот четврти пат по ред.

Од 2020 година Русинката е свршена со бизнисменот Александар Гилкес, со кој е во врска од 2018 година. Во јуни 2022 година, тие ја добија и ќерката Теодора.