ЛЕГЕНДАРЕН КОМАНДАНТ- „Војната ќе трае со години! Украинска офанзива? Што и да каже Зеленски, еве што ќе се случи…“

Ширеф ги коментираше и тврдењата на Володимир Зеленски дека Украина ќе ја победи Русија до крајот на оваа година

Поранешниот командант на НАТО ја доведе во прашање брзината со која западните земји ја вооружуваат Украина – и изјави дека поради таквата „ургентност“ на Западот, војната во Украина може да трае со години.

Поранешниот заменик врховен командант на сојузничките сили на НАТО, Сер Ричард Ширеф , изјави за Sky News: „Ако Британците или другите западноевропски земји и Америка и дадоа оружје на Украина пред една година, кога тоа беше неопходно и итно, немаше да зборуваат за ова денес. Резултатот од ова, се разбира, е дека украинската контраофанзива, кога ќе дојде, ќе бара силен напор за да се постигне посакуваниот успех. И се сомневам дека ќе го постигне тој успех веднаш во првата офанзива, ние веројатно ќе имаме големи напади во месеците и годините што доаѓаат.

Ширеф ги коментираше и тврдењата на Володимир Зеленски дека Украина ќе ја победи Русија до крајот на оваа година.

„Посакувам да биде така. Тоа би било брилијантно. Но, војувањето не е лесно, работите никогаш не одат според планот и мора да бидете подготвени за најлош случај. Мора да бидеме подготвени за серија украински контраофанзиви, од кои секоја ќе бара значителна логистика, обука и поддршка од Западот за на крајот да го постигнеме она што сакаме да го направиме“, заклучи тој.