ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА – Се урна рудник во Африка, има многу мртви и повредени

Шест лица загинаа, а 15 останаа заробени откако утрово се урна окно во рудник за злато во Зимбабве, јавува BBC, цитирајќи ги тамошните државни медиуми.

Околу 30 рудари останаа заробени во уривање на рудник за злато во Чегут, на околу 100 километри западно од главниот град Хараре, но 13 од нив беа спасени.

Напорите да се дојде до оние кои останаа под земја се во тек. 

Не е познато што го предизвикало уривањето.

Несреќите во рудниците во Зимбабве, кои имаат огромни резерви на злато, платина и дијаманти, не се ретки, бидејќи безбедносните стандарди генерално не се почитуваат, наведува BBC.