Голем интерес за интернационалниот натпревар за најдобри вина во Кавадарци, мостри се доставуваат до петок 

 – Голем е интересот за интернационалниот натпревар за најдобри вина во Кавадарци, мостри за оценување се доставуваат до петок, информираа вечерва од Здружението за промоција на производи од грозје и вински туризам „Винотек“, кое го организира овој настан во соработка со Винскиот музеј, под покровителство на градоначалникот и локалната самоуправа.

Натпреварот се организира во чест на Денот на лозарите и винарите „Свети Трифун“. 

– Станува збор за интернационална дегустација и оценување на вина произведени од регистриран производители, мали винарии и домашни индивидуални производители. Ќе има повеќе категории за оценување. Млади вина од берба 2023 и тоа бели, розе и црвени, бели, розе и црвени мирни вина и најдобро странско вино, појаснуваат организаторите. 

Нагласуваат дека оценувањето на квалитетот ќе го врши стручна комисија. Ќе се оценуват сите доставени мостри, а ќе се доделат пехари, медали, дипломи и награди на најдобро оценетите три вина од секоја категорија.