Полицијата наиде на хорор сцена во стан: Пронајдени телата на татко и син во фаза на распаѓање, тие биле мртви најмалку два месеци

Татко и неговиот син се пронајдени мртви во нивниот стан, на улицата Олимпу во Солун, пренесува Катимерини.

Полицијата во неделата напладне пристигнала во станот по повик од соседите кои биле вознемирени од смрдеата која доаѓала од нивната куќа. Според информациите од полициските власти, во фаза на распаѓање се пронајдени телата на две починати лица на возраст од околу 40 и 80 години.

Се вели дека двајцата мажи биле мртви најмалку два месеци.

Службениците од Одделот за кривични дела против животот кои извршиле увид во станот ја исклучиле можноста за криминална активност.

Случајот го презеде полициската управа Белата кула.

Причината за смртта ќе ја разјасни обдукцијата која ќе биде извршена во Судската служба во Солун, пренесува Телеграф.