Во првите шест месеци од годината германскиот државен буџет е во дефицит поради државната помош за граѓаните да се справат со енергетската криза.
Според прелиминарните податоци на германскиот Завод за статистика (Дестатис), во првите шест месеци од годинава од државната каса се потрошени 42,1 милијарди евра повеќе отколку што се слеани средства.
Дефицитот на сојузната, државната и локалната власт и социјалното осигурување, мерено како учество во бруто домашниот производ (БДП), изнесува 2,1 отсто. Германија забележа поголем буџетски дефицит од овој во првата половина на 2021 година, кога достигна 4,3 отсто.
Бруто домашниот производ стагнираше во вториот квартал во однос на претходните три месеци, објави Дестатис, потврдувајќи ги прелиминарните бројки.
Во текот на зимата најголемата европска економија два квартала по ред бележеше пад и влезе во така наречената техничка рецесија.
По благ пад во претходните два квартали, германската економија се стабилизираше во пролетта“, изјави извршната директорка на Дестатис, Рут Бренд