Голем пад на Србија на обложубањето за Евровизој! Лук Блек на 14 место, а Хрватска на 18! Еве која земја убедливо води

Евровизија ќе се одржи следниот месец во Ливерпул, а Србија ќе ја претставува Лук Блек со песната „Само ми се спие“. Како што се наближува натпреварувањето, ситуацијата со обложување постојано се менува во пресрет на овој музички настан кој секоја година привлекува големо внимание ширум светот.

Лук Блек според обложувалниците беше на 13. место, но тој скор се промени откако уште неколку земји избраа свои претставници. По измените, српскиот претставник сега е на 14. место. Претставниците на Хрватска, бендот Let 3 со песната „Mama ŠČ!“ се на 18 место. Кога беше објавена нивната песна, обложувалниците прво им предвидуваа да го заземат осмото место, потоа 15-то, а сега се само на 18-тото место.

Како што стојат работите во моментов, најголеми шанси за победа има Шведска, која ќе ја претставува Лорен со песната „Tatoo“. Иако до неодамна Украина беше на првото место како главен фаворит, тоа сега се смени, а таа е на третото место, додека втора е Финска со интересната песна „Ча Ча Ча“. Публиката ја запозна претставничката на Шведска во 2012 година, кога триумфираше на споменатото натпреварување со песната „Еуфорија“, која остана голем хит до денес.

Според обложувалниците, по Шведска, Финска и Украина, најголеми шанси да победат на Евровизија имаат Норвешка и Шпанија кои се во првите пет земји.

Да потсетиме, Евровизија годинава се одржува во Велика Британија, откако минатата година Украина победи во Торино, но поради војната во оваа земја е невозможно фестивалот да се организира во Киев, па овогодинешниот домаќин ќе биде Ливерпул.

Српскиот претставник неодамна за медиумите изјави како течат подготовките за најголемиот музички настан, а најави и големи промени во неговиот настап.

– Планирам целосно „ремонт“ (преуредување). Ќе го задржам духот на настапот. Ќе добие подобра графика, ќе биде нова „генерација“ на таа изведба. На домашното натпреварување отидовме според нашите можности и завршивме одлична работа, а сега ќе биде уште подобро. Имам бескрајна поддршка од РТС во сите мои идеи. Тоа не е нешто што не го очекував, но ние сме на иста бранова должина и за сè сум им благодарен – изјави Лука.