Голем пожар во близина на регионалниот пат Штип-Радовиш кај вештачкото езеро Мантово: “Оганот на еден дел навлегол и во тешко проодна квалитетна мешовита шума“

Голем пожар на отворено избувна денес околу 14:00 часот во близина на регионалниот пат Штип-Радовиш кај местото 20 километар и вештачкото езеро Мантово.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), зафатени се околу 15-20 хектари сува трева, грмушки и нискостеблести растенија.

Според информациите од локалните медиуми, пожарот на еден дел навлегол и во тешко проодна квалитетна мешовита шума.

За да се спречи ширење на пожарот во квалитетната шума ангажиран е еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи.