“300.000 ВОЈНИЦИ ЌЕ СЕ РАСПОРЕДАТ НА ГРАНИЦАТА СО РУСИЈА“ – Висок адмирал на НАТО ги потврди плановите: “Подготовките започнуваат!“

Земјите-членки на НАТО почнаа со подготовките за конфронтација со Русија и враќање на принципите на колективна одбрана од глобален противник од 2008 година, 14 години пред почетокот на војната во Украина, соопшти денес претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер.

Во својот говор на Форумот за безбедност во Варшава, тој порача дека воените планови на НАТО имаат 4.500 страници со содржина за тоа како да се спротивстави на Русија.

Во суштина, она што се случи од 2008 година е дека во Армијата почна да се работи за враќање на нашето размислување во колективна одбрана. Ова беше неопходно поради однесувањето на Русија кон Грузија во 2008 година и Украина во 2014 и 2022 година. А најголемата промена за НАТО беше да се подготви за се поагресивен противник“, вели Роб Бауер, додавајќи дека поради тоа, во рамките на Алијансата, планираат промена на воената стратегија, што доведе до нови, подетални планови.

Тој потсети дека НАТО распореди четири баталјонски борбени групи на Балтикот и во Полска во 2015 и 2016 година, кои се подготвени брзо да се засилат со бригади доколку е потребно.

Како резултат на она што се случи во Украина, решивме да создадеме уште четири групи на југ – Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија“, вели тој.

Роб Бауер додаде дека плановите на НАТО предвидуваат зголемување на бројот на силите на Алијансата на руските граници, до 300.000 во првите 30 дена.