Како парфемот да ни трае подолго – не ја правете оваа грешка

Вашиот тип на кожа влијае на тоа колку долго трае парфемот што го користите, а поради една голема грешка која често ја правиме мирисот може да исчезне по само еден час.

Ако немаме редовна хидратација на кожата, мирисот нема да трае подолго време. Парфемот е динамичен и на секој поединец мириса поинаку. Мирисните ноти се менуваат во зависност од pH вредноста на кожара, компонентите на парфемот, телесната температура и слично. Секој од овие фактори може да влијае на интеракцијата на вашата кожа со мирисот.

Затоа, може да ви се допадне мирисот на парфемот што го користи вашата пријателка, но кога ќе го ставите на вас, повеќе не ви се допаѓа.

Вашиот тип на кожа влијае на тоа колку долго трае вашиот парфем, а постои една голема грешка која често ја правиме – немаме редовна хидратација на кожата, мирисот ќе исчезне по еден час.

„Парфемот трае подолго на негувана кожа“, тврди славната шминкерка Роузи Џонсон.

Тоа е така затоа што здравата, хидрирана, липидна бариера нуди поприродни масла за кои мирисот може да се „залепи“. По туширање, советува Џонсон, се препорачува користење хидратантна крема, па употреба на парфем.

„По туширањето само малку исушете го телото и нанесете хидрантна крема за да ја заробите сета таа вода. Потоа, ставете од вашиот омилен парфем“, советува таа.