Гостиварка го пријава сопругот за физички напад

 Дваесет и девет годишна жена од Гостивар го пријавила сопругот за физички напад, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што се појаснува во соопштението, рано изутринава во два часот во Полициска станица Гостивар, пријавено е дека околу 20.30 часот во градот, гостиварката била физички нападната од нејзиниот сопруг со иницијали С.Ш.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.