Готово е! Халанд потпиша рекорден договор на 9,5 години, еве колку ќе заработи

Фудбалската јавност во Англија утрово доби голема вест. Ерлинг Халанд го продолжи договорот со Манчестер Сити потпишувајќи неверојатни девет и пол години.

Халанд ја врза својата лојалност кон Манчестер Сити „доживотно“. Одличниот норвешки напаѓач (24) со години е еден од најдобрите во светот, но неговиот актуелен договор со Граѓаните истече во 2027 година.

Тоа беше повик за будење за челниците на Манчестер Сити да направат се за да го врзат на стадионот „Етихад“, поткрепено со фактот дека потпиша рекорден договор, и по времетраење и по плата.

Сите клучни англиски медиуми потврдија дека Халанд потпишал нов договор, вклучувајќи го и најценетиот тамошен новинар Дејвид Орнштајн.

Халанд потпиша договор на девет и пол години, а што е интересно, чека рекордна плата каква што не е видена во англискиот фудбал.

Иако не е потврдено, англиските медиуми откриваат дека тој ќе заработува 500.000 фунти или 590.000 евра неделно, што е бројка досега невидена во Премиер лигата. Од деталите кои се официјално познати, се истакнува дека Халанд ќе има клаузула во договорот, но активна дури од 2029 година, за сите клубови кои сакаат да го купат. Бројката ќе биде енормно висока.

Мохамед Салах доби идентична понуда, но од Пари Сен Жермен, бидејќи договорот со Ливерпул му истекува на лето.