“ГОТОВ СУМ! МРТОВ СУМ! НЕ ПОСТОЈАМ ПОВЕЌЕ!” Шокантно интервју на светски шампион: Не знам кој сум, се ми е одземено!

Зборовите на Пол Погба , светскиот шампион од 2018 година во интервјуто што го имаше неодамна, загрижија милиони луѓе.

Да потсетиме, Французинот беше тестиран на 20 август 2023 година, по натпреварот на Јувентус против Удинезе, на кој не ни играше.

Примерокот од урината имал недозволени количества на хормонот тестостерон, што било потврдено со резултатот од примерокот Б.

Фудбалерот од средниот ред на крајот на февруари оваа година доби четири години забрана за играње фудбал , а на социјалните мрежи има вирално видео на кое можете да видите и слушнете како Погба изговара вознемирувачки зборови за време на едно интервју.

  • Јас сум готов. Јас сум мртов. Пол Погба повеќе го нема. Веќе не знам кој сум. Фудбалот беше мојот живот и мојата страст. Сега се чувствувам како да сум изгубен. Се што изградив во професионалната кариера ми беше одземено – изјави Французинот.

Поранешниот играч за врска на Јувентус и Манчестер Јунајтед смета дека одлуката за казната е неправедна .

– За одлуката денеска бев информиран од Антидопинг трибуналот, убеден сум дека пресудата е неправедна. Тажен сум, шокиран и со скршено срце што ми е одземено сето она што го изградив во текот на мојата професионална кариера. Кога ќе бидам законски слободен да зборувам, вистинската приказна ќе биде објавена, но никогаш не сум земал суплементи со намера да ги прекршам антидопинг правилата. Како професионален спортист никогаш не сум направил ништо за да ги подобрам моите перформанси со користење на супстанци, никогаш не сум ги непочитувал или критикувал спортистите и навивачите на тимовите за кои играв или против. Поради денешната одлука ќе се жалам до Судот за спортска арбитража – изјави Погба веднаш по објавувањето на одлуката за неговата суспензија.